| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува проектот „Европска Зоолошка“

Скопските општини се приклучуваат кон проектот „Европска Зоолошка“. Директорот на Зоолошката градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски ги започна состаноците со дел од градочалниците од скопскиот регион. Денеска во посета на Зоолошката градина беа градоначалниците на Кисела Вода, Филип Темелковски и на Бутел, Велимир Смилевски. На средбата беше договорена целосна соработка вклучувајќи ги општинските сектори за образование, но и донации потребни за Зоолошка градина Скопје.

-Зоолошката градина е на сите деца, од сите општини. За тие успешно да се едуцираат, ние на општините ќе ги отстапиме двата едукативни центри, кои се целосно опремени за успешна едукација на деца од предучилишна и училишна возраст, изјави директорот Галетановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top