| четврток, 6 декември 2018 |

Забавен викенд во Зоолошка градина: Претставата „Принцот жаба“ в недела напладне

Забавен викенд во Зоолошка градина- подароци и детска престава за најмалите посетители. По поводот почетокот на новата училишна година, Зоолошка градина Скопје подготви многу изненадувања за најмалите посетители.

Во сабота од 12:00-14:00 секое детенце ќе добие по еден подарок од најпознатиот бренд на лижавчиња, а маскотата кенгур ќе дели и мали слатки задоволства.

Orange kids club” подготвува „Back to school” забава каде ќе ги анимира најмладите посетители со бесплатен курс по танц, караоке, кловн и принцези, ваучери со попусти и уште многу интересни содржини.

Во недела, со почеток во 12:00 ќе се одигра детската претстава „Принцот жаба“ во изведба на театарот „Крик“. Влезот за театарската претстава е бесплатен и ќе може да ја погледнат сите посетители во Зоолошката.

Инаку, ова лето Зоолошка градина Скопје бележи рекорди во посетеност. Неделно има и по 11 000 посетители, што е дупло повеќе во однос на минатото лето со што Зоолошката е најпосетената установа во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top