Бендот од пет момчиња кој беше создаден од продукцијата на „Икс-фактор“ од неколку кандидати и кој стигна и до самиот крај на шоуто, веќе не постои. Веста дека „Доктори“ не успеаја да го започнат својот естраден пат и музичка кариера, на „Фејсбук“ ја објави нивната менторка и најголем поддржувач, Кристина Ковач.
„Драги,
иако знам дека ова ќе предизвика бум по медиумите, чувствувам дека моја обврска е да ве известам дека по повеќемесечниот труд да направам кариера на бендот „Доктори“, а на моја голема жалост, групата „Доктори“ повеќе не постои.
Во мојот труд да им обезбедам шанса за успешна кариера дојдов до понуда на една од водечките светски дискографски куќи (со претстаништво во Србија и регионот) за „Доктори“ да потпишат ексклузивен договор за снимање на песни со опција за албум која таа куќа би ги финансирала и би ги третирала како свој бр 1 приоритет.
На Вам ви должам, нивните фанови објаснување зашто дојде до распад на бендот.
Еден од членовите го напушти бендот веднаш по завршувањето на „Икс-фактор, без никаква желба за да продолжи понатаму, дури и кога дозна каква шанса има бендот со таа интернационална компанија.
Друг член во еден момент, според мојата проценка и проценка на остатокот од бендот, започна да се однесува во нескладност со фактот дека е дел од бенд, ставајќи ги своите интереси пред интересите на бендот, и јас, признавам на основа на досегашното искуство во музиката реков дека повеќе нема да работам со нив.
И покрај сето тоа, дикографската куќа има желба да работи со нив и да пристапи кон разговори и преговори за потпишување на договор со остатокот од групата „Доктори“.
Без оглед на таа среќна околност, трет член од „Доктори“ деновиве ми соопшти дека тоа не му делува како добра идеја, и дека тој ќе се посвети на свои песни и на своја соло кариера.
Јас морам да ви кажам дека сум многу тажна поради сето ова, но и разочарана.
И во својот однос со „Доктори“ и во работата со нив секогаш имав интерес за групата која ми беше на прво место, вложив апсолутен максимум во работата со нив на „Икс-фактор“, верував во нив, ги поддржував, одвојував многу време за нив, да ги подготвувам за настапите, искрено многу повеќе од било кој ментор.
Криво ми е што неискуството и некој друг начин на согледување на работите го однесоа приматот над шансите какви се случуваат еднаш во животот. Особено ми е криво за последните двајца членови, кои според моето мислење беа најработливите, највредните, најразбраните и во однос според работата и мене, најкоректни.
На сите нив им посакувам успешни кариери, да не го запостават својот талент, да работат вредно и посветено и да прават паметни потези. И брзо да учат, тоа ќе им биде потребно.
А со некои од нив, верувам дека ќе соработувам со големо задоволство.
Тажната менторка, К.“
Бендот беше составен од Никола Станојевиќ, марко Балабановиќ, Урош Туркулов, Армин Маликиќ и Предраг Антиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Околу 2.000 доктори заминале од Македонија
-
Специјализантите до Заев: Форсирањето за исплата на пари само за одредена група доктори е дискриминаторско!
-
Ова е вистинската причина: Зошто докторите и медицинските сестри на работа носат кломпи?
-
За неколку години Македонија ќе остане без лекари специјалисти