| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар од Охрид на мегдан на Пелистер, „Комити“ ќе ги бодрат во Битола

Фудбалерите на Вардар, се во карантин во Охрид и оттаму ќе патуваат во Битола на мегдан на Пелистер, во вечното македонско дерби, од 14 часот во недела. Како подршка од Скопје ќе им дојдат најверните навивачи „Комитите“ кои денеска добија дозвола да присуствуваат на натпреварот. По подолго време во Битола, ќе има и фудбалски дуели на теренот, меѓу лутите противници, и навивачки натпревар меѓу двете групи, домашните „Чкембари“ и гостинските „Комити“.

GEO017

Само да нема и неспортско однесување, како на последниот меч во Скопје, кога имаше и физички пресметки меѓу навивачите. Инциденти имаше и пред и за време на дербито, и потоа. Околу 500 навивачи на Вардар влетаа во теренот, а кавгата со конкурентската група, продолжи и откако заврши мечот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top