| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера во Театар за деца и младинци: „Могли“ во чест на прерано починатиот Игор Маџиров

madzirov2

За во вторник, 15 јули, во Театар за деца и младинци е закажана премиера на претставата „Могли“ (19 часот), во рамките на овогодинешното издание на Скопско Лето.
„Могли“ е претстава работена по мотивите на „Книга за џунглата“ од Радјард Киплинг, а во адаптација и драматизација на Маја Енчева и Боњо Лунгов, кој пак е и режисер на претставата.
– Овој наслов е веќе еднаш поставен на репертоарот на нашиот театар и тоа од истиот режисер. За жал, таа претстава се играше едвај нецела година, заради трагичната, мистериозната и прерана смрт на Игор Маџиров, кој ја играше насловната улога во, според мнјогумина најдобрата претстава на нашиот театар. Токму затоа целата екипа што работи на овој проект и целиот колектив на Театар за Деца и Младинци ја посветува оваа претстава на никогаш заборавениот, а пред се големиот човек, Игор Маџиров, нашиот најоригинален Могли – велат од Театарот за деца и младинци.
Од старата актерска екипа во новиот „Могли“ играат Татјана П. Кочовска и Предраг Павловски. Во останатите улоги олично се снајдоа младите актери Мартин Јорданоски како Могли, потоа Наташа Петровиќ, Симона Спировска, Марија Ѓорѓијовска, Мики Анчевски и Ненад Митевски.

Режисерот на претставата е Боњо Лунгов, еден од најголемите режисери на куклени претстави во Европа:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top