Седумгодишното дете од Канада, Квин Каландер, со продавање лимонада успеа да собере повеќе од 53.000 долари за да на неговиот другар Брејдан Грозданич му овозможи операција што чини многу.
Квин и Брејден од Ванкувер се најдобри другари уште од градинка. Но, Брејден боледува од церебрална парализа поради што се движи тешко и неопходна му е операција.
Хируршкиот зафат што ќе му овозможи да оди без помагала чини 20.000 долари и може да се изведе само во САД, а семејството на детето не е во можност да си го дозволи тоа.
Кога Квин слушнал за опрацијата, веднаш смислил начин како да му помогне на неговиот пријател.
– Им реков на татко ми и мајка ми дека сакам да направам штанд на кој ќе продавам лимонада за да соберам пари, раскажа момчето во репортажа за канадската телевизија.
Неговата мајка се солидализирала со него и покрена акција за собирање прилог преку интернет.
За помалку од една недела, благодарејќи на нивната компанија, собрани се повеќе од 50.000 долари што ги покрива не само трошоците за операција, туку и претстојот на целото семејство во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


