| четврток, 6 декември 2018 |

Јахјага: Србија ќе ги повлече силите од Косово; Белград негира дека постојат

kosovo serbs arestedСрбија се согласила да ги распушти своите безбедносни сили во северниот дел на Косово, за кои Белград негира дека постојат, изјави косовската претседателка Атифете Јахјага. Но, српските власти од своја тврдат дека нема таков договор и ги отфрлија обвинувањата дека имаат тајни безбедносни сили во Северно Косово.

Јахјага истакна дека била информирана од косовскиот премиер Хашим Тачи дека за време на преговорите, кои се водат со посредство на ЕУ, на почетокот на овој месец Србија се согласила за распуштање на овие сили. Според неа, ваквиот договор ќе биде финализиран на следниот круг од разговорите, кој се очекува да се одржи следната недела во Брисел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top