Откако Србија го блокираше зачленувањето на Косово во Интерпол, косовската влада одлучи да ги зголеми тарифите на робата од Србија за 100 проценти.
-Наскоро ќе бидат објавени и нови мерки- напиша на својот профил на „Твитер“, заменик премиерот на Косово, Енвер Хоџај, пренесе новинската агенција „Онаса“.
-Србија продолжува со својата агресивна кампања против Косово на меѓународната сцена. Тоа го поткопува процесот на нормализација – напиша Хоџај и додаде дека тарифите се зголемени со цел Косово да ги одбрани своите витални интереси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Британски амбасадор: Некои земји го повлекоа признавањето на Косово