Србија се согласила да ги распушти своите безбедносни сили во северниот дел на Косово, за кои Белград негира дека постојат, изјави косовската претседателка Атифете Јахјага. Но, српските власти од своја тврдат дека нема таков договор и ги отфрлија обвинувањата дека имаат тајни безбедносни сили во Северно Косово.
Јахјага истакна дека била информирана од косовскиот премиер Хашим Тачи дека за време на преговорите, кои се водат со посредство на ЕУ, на почетокот на овој месец Србија се согласила за распуштање на овие сили. Според неа, ваквиот договор ќе биде финализиран на следниот круг од разговорите, кој се очекува да се одржи следната недела во Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба


