Летото со себе ги носи боите, сонцето, плажите, палмите, коктелите, жештините, кратките фустанчиња, бикините… Не е воопшто лесно да се биде стилска летна икона. Изборот е преголем, а дилемите се секогаш присутни. Летото е период на веселби, свечености и свадби. Нормално е да се јават дилеми и недоумици во поглед на изборот на совршената креација. Има дами чијашто главна цел е да импресионираат, а има и такви што секогаш се фокусираат на едноставноста и удобноста. Сепак, различните пригоди и настани налагаат и наметнуваат различни начини на облекување кои треба да ги почитуваме ако сакаме да бидеме вистински дами.
Најтешко ни паѓа кога ќе добиеме покана за свадба или забава која се случува надвор од нашата земја. Тоа значи резервација на авионски билети и пакување куфери како и многу поголема организација на сѐ што ни е потребно. Сепак, собирањата за да се прослават убавите мигови во животот се вредни за секаква „жртва“. За да не бидете во хаос и да се чувствувате спокојно во вашиот куфер, понесете интересен макси или краток фустан со принт во свежи бои, рамни сандали, очила за сонце, ефективно парче накит и мала чантичка и спремни сте. Со изборот на свежи бои дефинитивно ќе внесете свежина на забавата каде сигурно сите ќе бидат облечени во монохроматски нијанси. Рамните сандали ви гарантираат удобност за нозете и после долгиот пат, а модните додатоци ќе направат да ги шармирате сите гости на забавата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.