| четврток, 6 декември 2018 |

Стил за летни свечености

Летото со себе ги носи боите, сонцето, плажите, палмите, коктелите, жештините, кратките фустанчиња, бикините… Не е воопшто лесно да се биде стилска летна икона. Изборот е преголем, а дилемите се секогаш присутни. Летото е период на веселби, свечености и свадби. Нормално е да се јават дилеми и недоумици во поглед на изборот на совршената креација. Има дами чијашто главна цел е да импресионираат, а има и такви што секогаш се фокусираат на едноставноста и удобноста. Сепак, различните пригоди и настани налагаат и наметнуваат различни начини на облекување кои треба да ги почитуваме ако сакаме да бидеме вистински дами.

553-634x454

Најтешко ни паѓа кога ќе добиеме покана за свадба или забава која се случува надвор од нашата земја. Тоа значи резервација на авионски билети и пакување куфери како и многу поголема организација на сѐ што ни е потребно. Сепак, собирањата за да се прослават убавите мигови во животот се вредни за секаква „жртва“.  За да не бидете во хаос и да се чувствувате спокојно во вашиот куфер, понесете интересен макси или краток фустан со принт во свежи бои, рамни сандали, очила за сонце, ефективно парче накит и мала чантичка и спремни сте. Со изборот на свежи бои дефинитивно ќе внесете свежина на забавата каде сигурно сите ќе бидат облечени во монохроматски нијанси. Рамните сандали ви гарантираат удобност за нозете и после долгиот пат, а модните додатоци ќе направат да ги шармирате сите гости на забавата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top