Мишел била скршена кога и кажале дека го загубила бебето во 6 та недела од бременоста. Два дена подоцна и дале медикаменти кои ќе предизвикаат абортус.
– Спонтаниот абортус и абортусот беа апсолутно ужасни. Откако го загубив бебето излегов со пријателките и испив 1,5 шише вино, бев скршена- рекла таа.
И кажале по 10 дена да направи тест за бременост, за да се открие дали останале опасни згрутчувања. Тестот бил позитивен и потоа ја пратиле на киретажа, за да ги отстранат остатоците во матката, но на запрепастување на сите, ултразвукот покажал срце кое чука.
Мишел вели дека не можела да поверува, но била пресреќна, а во исто време и гневна затоа што лекарите не успеале да го видат бебето пред да и ги дадат медикаментите за абортус.
– Тие рекоа дека крвта и згрутчувањата мора да создале сенки и затоа не можеле да ја видат. Рекоа дека цервиксот мора да се затворил повторно и дека сум благословена. Докторот рече дека во неговите 25 години стаж немал видено нешто слично – додала Мишел.
Многу ретко се случува едниот близнак да загине во спонтан абортус, а другиот да преживее, но не и кога се аплицирани средства за абортирање. Се работи за вистинско чудо.
Мајката вели дека цело семејство минало низ навистина тежок период, но тоа само ги зближило. Малата Меган е здраво и силно бебе, а постарите братче и сестриче се пресреќни што ја имаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)