Огромните диносауруси, за жал, ја напуштаат Македонија. Атракцијата која изминатиот месец беше незаменлив дел од ентериерот на „Скопје сити мол“, беше достапна до вчера до кога и сите деца можеа да се сликаат со нив и да бидат дел од палеонтолошката авантура низ трговскиот центар.


Изминатиот месец огромен број деца беа дел од активностите кои Kids Dino Dig ги нуди, како ископување на фосилни остатоци, прошетка и едукација за настанокот, постоењето и исчезнувањето на диносаурусите како и карактеристики на секој вид диносаурус поединечно.

-Ние сме навистина задоволни од интересот кај граѓаните за овие големи фосили и бројот на деца кои беа дел од авантурата Kids Dino Dig. Сигурно научија многу работи за огромните праисториски суштества и веруваме дека „Скопје сити мол“ ќе го запаметат како место кое им овозможило да стекнат нови знаења. За сите, пак, кои сѐ уште не ги виделе големите диносауруси, останува уште само еден ден да го сторат тоа, па затоа ги повикуваме сите заинтересирани да дојдат и да ја погледнат атракцијата наречена Kids Dino Dig – изјавија од менаџментот на „Скопје сити мол“.




Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


