Извонредниот процент на шут од преку 7о насто, што резултираше со 34 постигнати голови, одличниот голман Ристовски, кој имаше 11 одбрани, и пред се, неверојатното прво полувреме, во кое дадовме 21 гол, ни овозможија да дојдеме до нова, втора победа на СП против Катар 34-30. Ако во групата Б во Севиља не се случат чуда во продолжение од натпреварите во арената Сан Педро веќе имаме осминафинале и сигурен настап во елиминацискиот дел што започнува следната недела.
Црвено-жолтите денеска имаа две различни лица. Едно супериорно, разновидно, со многу решенија и со лесни реализации кои беа овозможени од бедемот на нашите шест метри, и другото, опуштено, млако, безидејно, во кое најчесто статиравме и бевме лоши. Но активата што ја создадовме до полувреме, ни овозможи да издржиме со предност во моментите кога Азијците се заканија и дојдоа до само 2 разлика(28-26, 50 мин.). За среќа навреме се созедовме, а Борко Ристовски се врати на голот и со неколку бравурозни интервенции ја задржа предноста.
Во победата над Катар од 34-30 што за нас значи, најмалку пласман на четвртото место во конкуренцијата Б и осминафинале на 23. СП, најефикасен беше Кире Лазаров со 9 голови, по шест дадоа Наумче Мојсовски и Дејан Манасков. Ние утре сме слободни, а новиот предизвик е Исланд со кого се соочуваме во вторник од 18 часот.
ГРУПА Б-2 коло (денеска)
МАКЕДОНИЈА – Катар 34-30
Чиле – Исланд 22-38
20.15 Русија – Данска
ТАБЕЛА:
Македонија 4
Данска 2(-1)
Русија 2(-1)
Исланд 2
Чиле 0
Катар 0
3 коло(вторник)
18.00 МАКЕДОНИЈА – Исланд
15.45 Катар- Русија
20.15 Данска – Чиле
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.