| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарите со драма до осминафинале од СП

Иако на полувреме имавме 8 разлика (21-13), до крајот постоеше неизвесност во мечот со Катар во кој дојдовме до втора мундијалска победа(34-30)

Извонредниот процент на шут од преку 7о насто, што резултираше со 34 постигнати голови, одличниот голман Ристовски, кој имаше 11 одбрани, и пред се, неверојатното прво полувреме, во кое дадовме 21 гол, ни овозможија да дојдеме до нова, втора победа на СП против Катар 34-30. Ако во групата Б во Севиља не се случат чуда во продолжение од натпреварите во арената Сан Педро веќе имаме осминафинале и сигурен настап во елиминацискиот дел што започнува следната недела.

Црвено-жолтите денеска имаа две различни лица. Едно супериорно, разновидно, со многу решенија и со лесни реализации кои беа овозможени од бедемот на нашите шест метри, и другото, опуштено, млако, безидејно, во кое најчесто статиравме и бевме лоши. Но активата што ја создадовме до полувреме, ни овозможи да издржиме со предност во моментите кога Азијците се заканија и дојдоа до само 2 разлика(28-26, 50 мин.). За среќа навреме се созедовме, а Борко Ристовски се врати на голот и со неколку бравурозни интервенции ја задржа предноста.

Во победата над Катар од 34-30 што за нас значи, најмалку пласман на четвртото место во конкуренцијата Б и осминафинале на 23. СП, најефикасен беше Кире Лазаров со 9 голови, по шест дадоа Наумче Мојсовски и Дејан Манасков. Ние утре сме слободни, а новиот предизвик е Исланд со кого се соочуваме во вторник од 18 часот.

ГРУПА Б-2 коло (денеска)

МАКЕДОНИЈА – Катар          34-30

Чиле – Исланд                    22-38

20.15  Русија – Данска

ТАБЕЛА:

Македонија     4

Данска           2(-1)

Русија            2(-1)

Исланд           2

Чиле              0

Катар             0

 

3 коло(вторник)

18.00   МАКЕДОНИЈА –  Исланд

15.45   Катар- Русија

20.15   Данска – Чиле 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top