| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија е најевтина туристичка дестинација во Европа

kaneo

Македонија е најевтина туристичка дестинација во Европа, со најнизок ценовен индекс, пишува на својот сајт шведскиот весник „Дагенс нихетер“.

По Македонија следат Бугарија, Албанија, Босна и Србија, како и Полска и Романија, каде што цените се, исто така, релативно ниски, посочува весникот.Со ова, како што јави дописникот на МИА од Гетеборг, шведските медиуми во пресрет на годинашната летна сезона повторно препарачуваат дека е исплатливо да се направат споредби на ценовното ниво во разни земји. Разликите во цените се големи, а земјите вон ЕУ се и меѓу најевтините, како во случајот на Македонија, но и меѓу најскапите како Швајцарија и Норвешка.

Меѓу најскапите земји за избор на туристички дестинации се вбројуваат и Данска, Шведска, Финска, Ирска, Велика Британија и Исланд.

Ценовниот индекс во Швајцарија изнесува 155,9, додека во Македонија е 46,7. За споредба, индексот на цените во Хрватска изнесува 68,5 и бележи пад од претходниот износ од 76,3.

И во Грција е забележан пад на ценовниот индекс од рекордното ниво од пред четири години 95, на 89,5 колку што беше проценет лани

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top