| четврток, 6 декември 2018 |

Нема по­ли­тич­ки дијалог без странци

Gruevski-zaev-1

По којз­нае кој пат Ма­ке­до­ни­ја по­ка­жа де­ка со оваа по­ли­тич­ка гар­ни­ту­ра во опо­зи­ци­ја­та, без вклу­чу­ва­ње стран­ски­от фа­ктор, по­ли­тич­ки­от ди­ја­лог е те­шко из­вод­лив. Иа­ко со не­де­ли и пре­тсе­да­те­лот Ѓор­ге Ива­нов и пре­тсе­да­те­лот на Со­бра­ни­е­то Трај­ко Ве­ља­нов­ски и пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски, кој пред­ло­жи и спе­ци­ја­лен план, го по­ви­ку­ваа ли­де­рот на опо­зи­ци­ја­та да сед­не на ма­са за да се раз­го­ва­ра, ди­ја­ло­гот поч­на ду­ри по ин­тер­вен­ци­ја на стран­ци­те.

Отка­ко пр­ви­от чо­век на Со­бра­ни­е­то ја од­ло­жи сед­ни­ца­та на ко­ја тре­ба­ше да би­дат ве­ри­фи­ку­ва­ни оста­вки­те на пра­те­ни­ци­те на СДСМ и со тоа да­де вре­ме за над­ми­ну­ва­ње на кри­за­та, За­ев, по кон­сул­та­ции со европ­ски прет­став­ни­ци, ја при­фа­ти по­ка­на­та на Гру­ев­ски да сед­нат на ка­фе и очи в очи да се до­го­во­рат што ќе на­пра­ват за да се спа­си по­зи­тив­ни­от из­ве­штај и пре­по­ра­ка­та за пре­го­во­ри од Бри­сел. Це­лос­ни­от из­лез од по­ли­тич­ка­та кри­за по бој­ко­тот на Со­бра­ни­е­то е сѐ уште да­ле­ку, осо­бе­но што опо­зи­ци­ја­та по­ка­на­та на Гру­ев­ски ја тол­ку­ва ка­ко по­пу­шта­ње на вла­да­та пред при­ти­со­кот од СДСМ за тех­нич­ка вла­да, не­што што ВМРО–ДПМНЕ, ко­ја има ре­чи­си чист че­ти­ри­го­ди­шен ман­дат пред се­бе, те­шко мо­же да го при­фа­ти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top