| четврток, 6 декември 2018 |

Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски

Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Никола Груевски, се пожалил вчера унгарскиот премиер Виктор Орбан пред парламентот.

,,Гледате, јас едноставно немам време да земам воздух, оти тука се натегаме”, одговорил Орбан на прашањето од унгарскиот новински сајт „Азонали“ дали се сретнал со поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој избега во Будимпешта, каде што доби азил.

На прашањето на медиумите дали се сретнал со Груевски кога тој пристигнал во Унгарија, Орбан одговарил. „Не, за жал, не успеав“.

„Сега сум среќен што сум жив. Не паничете, ако се случи тоа, ви ветувам дека ќе ви кажам”, изјавил Орбан.

Порталот потсетува дека Груевски, кој е осуден на двегодишна затворска казна за корупција, допатува во Будимпешта со помош на унгарски дипломати. Тој доби статус на азилант за само неколку дена. Во меѓувреме, Македонија побара екстрадиција од Унгарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top