Холандското ТВ шоу „Channel 3 Travels“ кое се емитува на третиот канал на националната холандска телевизија „Nederland 3“ започна да снима репортажи за Македонија во кои ќе бидат прикажани убавините на земјата, соопшти денеска Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Снимањето почнува во Скопје со претставување на старите занаети во Скопската чаршија, тврдината Кале, Даут Пашин Амам, Спомен куќата на Мајка Тереза, Милениумскиот крст на Водно и кањонот Матка. Екипата на „Channel 3 Travels“ ќе ги снима и специјалитетите од македонската кујна, а ќе ги посетат македонските традиционални ресторани и кафе барови. Ќе ги снимаат и Охрид, Галичица и манастирскиот комплекс „Св Наум“.
– Согласно програмските активности за 2014 година, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот започна соработка со холандската јавна радиодифузна асоцијација „BNN Network“. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот-АППТ и економскиот промотор од Агенцијата за странски инвестиции Ведат Рушид, на интернационалниот саем за туризам во Холандија, на кој учествуваше и Македонија остварија првична средба со претставници на водечкото ТВ шоу во Холандија, „Channel 3 Travels“ кое се емитува на третиот канал на националната холандска телевизија “Недерланд 3”, се вели во соопштението од Агенцијата за промоција и поддршка на турзимот.
ТВ екипата од Холандија снимањето го започна вчера. Смимањето на репортажите ќе трае до 22 јуни. Холандската екипа ја сочинуваат продуцентот Ar-Co Gnocchi, презентерoт Dennis Storm, режисерот Ruud Martijn Slot и камерманот Rafiek Williams.
Огранизациски и логистички снимањето на овој документарец е поддржан од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, која ги разработи сите сегменти и ги оствари сите контакти потребни за професионално и успешно реализирање на овој проект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Националната телевизија од Естонија ќе снима репортажа за Македонија
-
Кашкавалот од Лазарополе се продавал дури и во Египет
-
„Македонија: земја на питите, страста и изобилството“: прекрасна странска репортажа за храната
-
Јадранскиот град кој полека умира: Беше иднина на Мусолини, стана жртва на систематско запоставување