| четврток, 6 декември 2018 |

Албанците ја гледаат иднината во ВМРО-ДПМНЕ

Ал­бан­ска­та јав­ност во Ма­ке­до­ни­ја че­ка да го ви­ди ре­зул­та­тот од до­го­во­ри­те за но­ви­от вла­дин ка­би­нет. Кои ре­со­ри ги пре­зе­ма ДУИ, но и што ќе обез­бе­ди Та­чи од под­др­шка­та на вла­ста. И до­де­ка ДПА се со­о­чу­ва со „вна­треш­на­та вој­на“, а ДУИ го че­ка кон­гре­сот за „ро­та­ции“, „Ре­пуб­ли­ка“ откри­ва де­ка e сѐ по­при­сут­но мис­ле­ње­то на Ал­бан­ци да се прик­лу­чат кон ВМРО-ДПМНЕ. При­чи­на? До­вол­но е, ве­лат, да се пре­брои кол­ку го­ди­ни ми­ни­сте­ру­ва­ат Му­са Џа­фе­ри и Фат­мир Бе­си­ми и да­ли има но­ви ли­ко­ви во ал­бан­ска­та по­ли­тич­ка сце­на

goran-kol-08-ali-ahmeti-menduh-taci_11

Со­стој­би­те што го сле­дат фор­ми­ра­ње­то на но­ва­та из­врш­на власт во Ма­ке­до­ни­ја по­ка­жаа де­ка во ал­бан­ски­от кам­пус во зем­ја­ва ве­ќе не­ма те­рен за на­ци­о­на­ли­зам и за ра­ди­ка­ли­зам. Тоа кон што е впе­ре­но вни­ма­ни­е­то е еко­но­ми­ја­та и бла­го­со­стој­ба­та. Би се рек­ло, се изед­на­чи­ја по­тре­би­те и оче­ку­ва­ња­та на два­та бло­ка во, ус­лов­но, рам­ков­на­та Ма­ке­до­ни­ја.

Но, от­ту­ка и иде­и­те што кру­жат во јав­но­ста, а кои со „Ре­пуб­ли­ка“ ги спо­де­ли­ја со­го­вор­ни­ци­те – де­ка сѐ по­го­лем број обра­зу­ва­ни ин­те­ле­кту­ал­ци, ма­ке­дон­ски Ал­бан­ци, би се прик­лу­чи­ле во ВМРО- ДПМНЕ. Ко­га це­ла­та из­ја­ва авто­рот на овие ре­до­ви ја до­че­ка на ше­га, на­бр­зо бе­ше пре­ки­нат.

– Зо­што? Кол­ку бр­зо се ме­ну­ва­ат ра­бо­ти­те во ВМРО-ДПМНЕ, кол­ку­ми­на се сме­ни­ја по функ­ции, кол­ку но­ви ли­ко­ви до­би­ја мож­ност да се по­ка­жат? А, од дру­га­та стра­на, кол­ку го­ди­ни ми­ни­сте­ру­ва­ат Фат­мир Бе­си­ми или Му­са Џа­фе­ри? – ме за­те­че со пра­ша­ња дол­го­го­диш­ни­от по­ли­ти­ко­лог- ана­ли­ти­чар. По­ба­ра да би­де ано­ни­мен, не пла­шеј­ќи се од из­ја­ва­та, ту­ку за­тоа што сѐ уште ја ис­пи­ту­ва „ра­бо­та­та на те­рен“.

Но, што се од­не­су­ва до со­стој­би­те во ал­бан­ски­от кам­пус за тоа да­ли оста­на опо­зи­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја – молк. Ни­ту тој, ни­ту мно­гу­ми­на дру­ги не са­каа да се впу­штат во ана­ли­за за евен­ту­ал­ни прог­но­зи за ре­зул­та­тот од трој­ка­та ВМРО- ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, или, пак, кол­ку мо­же ПДП или НДП да би­дат се­ри­оз­на опо­зи­ци­ска „кон­ку­рен­ци­ја“.

Молк од пар­ти­и­те, молк од ана­ли­ти­ча­ри­те

ДУИ освои мно­зинс­тво од гла­со­ви­те на Ал­бан­ци­те и по­втор­но учес­тву­ва во вла­ста. ДПА го зе­де пре­о­ста­на­ти­от ко­лач. Влез во ма­ке­дон­ски­от пар­ла­мент освои и ли­де­рот на На­ци­о­нал­на­та де­мо­крат­ска пре­род­ба, Ру­фи Ос­ма­ни. До ту­ка сѐ изг­ле­да­ше нор­мал­но и во рам­ки на оче­ку­ва­ња­та. Но, тоа што сле­ду­ва­ше ве­ќе цел ме­сец ги за­молк­на и пар­ти­ски­те из­во­ри, но и чар­ши­ја­та. Ос­ма­ни се пов­ле­че од пар­ла­мен­тот, се пов­ле­че и од пар­ти­ја­та за­ед­но со ра­ко­водс­тво­то.

Ли­де­рот на ДПА, Мен­дух Та­чи, пак, по­ра­ча де­ка не­ма на­ме­ра да ја оста­ви чел­на­та пар­ти­ска по­зи­ци­ја и вле­зе во отво­ре­на бор­ба со стру­шки­от гра­до­на­чал­ник Зи­ја­дин Се­ла, кој отво­ре­но го по­ба­ра тоа од не­го. Но тоа што да­де пе­чат на овие из­бо­ри е из­ја­ва­та на Та­чи де­ка раз­го­ва­рал за учес­тво во вла­ста и за под­др­шка за вла­да­та ду­ри и во слу­чај да не учес­тву­ва во неа. И от­то­гаш – молк.

– Чуд­ни ре­ла­ции зав­ла­де­а­ја во ал­бан­ски­от блок, се­га се за­тво­ри­ја си­те што ин­фор­ми­раа, ни­кој не знае кој што до­го­ва­ра или до­го­во­рил. Оваа со­стој­ба се на­до­вр­за на ра­коп­ле­ска­ње­то на Имер Сел­ма­ни, не­ко­гаш­ни­от го­лем кри­ти­чар на ДУИ, на го­вор на Али Ах­ме­ти за вре­ме на ми­тин­зи­те – ве­ли еден ана­ли­ти­чар за „Ре­пуб­ли­ка“, кој по­ба­ра ано­ним­ност.

– Спо­ред из­во­ри од пар­ти­ја­та, ДПА ве­ќе до­би­ла три ди­ре­ктор­ски ме­ста. Та­ка, ал­бан­ски­от блок не­ма опо­зи­ци­ја. Тоа што го има­ше Ос­ма­ни, 20-ина ил­ја­ди гла­со­ви, се­га ќе за­ми­нат на сме­тка­та на ДУИ. Од ПДП не­ма ни­што – ве­ли еден но­ви­нар-уред­ник на еден од ин­тер­нет-пор­та­ли­те на ал­бан­ски ја­зик. Но да­ли има не­ка­ква ре­ак­ци­ја во „чар­ши­ја­та“, кол­ку јав­но­ста оче­ку­ва­ше ва­ква раз­вр­ска?

– Не­ма ни­ка­ква де­ба­та, ни­кој не пра­шу­ва, ни­кој не се чу­ди. Мо­же­би за тоа вли­јае и не­до­сти­гот од ин­фор­ма­ции. Ни­кој не знае до ка­де е со вла­да­та, да­ли, на­ви­сти­на, ДПА е „тол­кав играч“. Од ДУИ зна­ат са­мо пре­го­ва­ра­чи­те Му­са Џа­фе­ри и Али Ах­ме­ти. Ду­ри и ми­ни­стри, акту­ел­ни и по­ра­неш­ни, ги ко­ри­стат вр­ски­те во ме­ди­у­ми­те за да се ин­фор­ми­ра­ат до ка­де е про­це­сот – ве­ли уред­ни­кот на пор­тал на ал­бан­ски ја­зик.

Фа­ми Ба­јра­ми, пак, уред­ни­кот на пор­та­лот „Жур­нал“, по­со­чу­ва де­ка мол­кот мо­же да се дол­жи и на кон­гре­сот на ДУИ од ка­де што, ка­ко што ве­ли, се оче­ку­ва­ат про­ме­ни или ро­та­ции и но­ви­ ими­ња за ми­ни­стри­те. Тој, пак, ве­ли де­ка иа­ко Та­чи мо­же да до­бие по­зи­ции во но­ва­та власт, јав­но­ста, од­нос­но еле­кто­ра­тот, мно­гу по­ве­ќе оче­ку­ва од ДУИ, ко­ја по­ну­ди по­ве­ќе од 1.300 про­е­кти.

– ДПА мо­же да до­бие не­кои по­зи­ции од ВМРО- ДПМНЕ. Еле­кто­ра­тот не оче­ку­ва ДУИ да от­ста­пи дел од сво­и­те по­зи­ци­и­те или ре­со­ри­ за ДПА – ана­ли­зи­ра Ба­јра­ми.

Всуш­ност, се по­со­чу­ва де­ка Та­чи ќе ги до­бие ме­ста­та, кои, спо­ред функ­ци­ја­та, има­ат со­ра­бо­тка со пре­тсе­да­те­лот на др­жа­ва­та, отка­ко ДУИ нај­а­ви де­ка не ја приз­на­ва ле­ги­тим­но­ста на Ива­нов.

Оста­наа ли Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја без опо­зи­ци­ја

Та­чи има тес­на со­ра­бо­тка со ВМРО- ДПМНЕ, тоа го по­ка­жа и за вре­ме со пре­диз­бо­ри­е­то и со из­ја­ви­те по­тоа, по­со­чу­ва­ат ана­ли­ти­ча­ри­те. Ли­де­рот по из­бо­ри­те ло­ци­ра­ше три не­при­ја­те­ли на ДПА – со­пар­ти­е­цот Се­ла, по­тоа СДСМ, кој во не­кол­ку на­вра­ти јав­но го ди­скре­ди­ти­ра­ше, но и пар­ти­ја­та ДУИ. Но да­ли со под­др­шка­та на вла­ста Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја оста­наа без опо­зи­ци­ја?

Се­ла­дин Џе­за­и­ри, но­ви­нар и ана­ли­ти­чар, по­со­чи де­ка иа­ко на по­ли­тич­ка­та сце­на во ал­бан­ски­от кам­пус во Ма­ке­до­ни­ја функ­ци­о­ни­ра­ат по­ве­ќе пар­тии, ни­ту оп­ци­ја­та на Ос­ма­ни, ни­ту, пак, ПДП мо­же да се сме­та­ат за по­кон­крет­на опо­зи­ци­ја, од­нос­но да се на­мет­нат ка­ко опо­зи­ци­ски блок, кој би ги за­гро­зил по­зи­ци­и­те на ДУИ и на ДПА на след­ни из­бо­ри.

Но, тоа не зна­чи де­ка во ал­бан­ски­от блок не­ма да има опо­зи­ци­ја. Иа­ко за­се­га се мол­чи, ни­кој од ана­ли­ти­ча­ри­те не оче­ку­ва ДУИ и ДПА да не се кон­фрон­ти­ра­ат. Ќе про­дол­жат со ме­ѓу­себ­на­та бор­ба за прев­ласт над ал­бан­ски­от еле­кто­рат, но, од дру­га стра­на, ќе те­че со­ра­бо­тка­та со ВМРО-ДПМНЕ.

За Ба­јра­ми, оче­ку­ва­но, во за­стој се по­ле­ми­ки­те и пре­фр­ла­ња­та, од­нос­но де­ба­та­та ме­ѓу ДУИ и ДПА, ко­ја бе­ше наг­ла­се­на за вре­ме на кам­па­ња­та. Всуш­ност, Ба­јра­ми оче­ку­ва да се вра­тат со по­че­ток на ра­бо­та­та на Со­бра­ни­е­то, па и при јав­но­то свр­ту­ва­ње на ДПА кон вла­ста. Ду­ри, до­да­ва де­ка та­кво­то свр­ту­ва­ње мо­же да би­де адут за ДУИ.

– ДУИ тоа мо­же да го иско­ри­сти ка­ко ин­стру­мент за на­па­ѓа­ње на ДПА за­тоа што Та­чи ја не­ма ле­ги­тим­но­ста кај Ал­бан­ци­те, па да ја ка­те­го­ри­зи­ра ка­ко „фи­ли­ја­ла“ на ВМРО-ДПМНЕ – по­тсе­ту­ва Ба­јра­ми по­ви­ку­вај­ќи се на пре­диз­бор­но­то ве­ту­ва­ње на Та­чи де­ка ма­кар и со еден пра­те­ник, ДПА ќе би­де во вла­ста.

ДПА ме­ѓу Та­чи и Се­ла

До­пол­ни­те­лен мо­мент на по­ли­тич­ка­та сце­на ме­ѓу ма­ке­дон­ски­те Ал­бан­ци е конф­ли­ктот ме­ѓу ли­де­рот на ДПА, Мен­дух Та­чи, и гра­до­на­чал­ни­кот на Стру­га, Зи­ја­дин Се­ла. Не­ко­гаш­ни­от бли­зок со­ра­бот­ник на Та­чи по­ба­ра сме­на на Та­чи по­ра­ди из­бор­ни­те ре­зул­та­ти, но и по­ра­ди гла­со­ви­те на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри. Се­ла се­га ра­бо­ти на обез­бе­ду­ва­ње под­др­шка во пар­ти­ски­те ре­до­ви, ве­лат поз­на­ва­чи­те. Но тоа му оди те­шко би­деј­ќи ако ја има под­др­шка­та од стру­шки­от раз­гра­нок, му не­до­сти­га под­др­шка од дру­ги­те раз­гра­но­ци, кои би се свр­те­ле про­тив Та­чи.

-Тој ќе сто­ри сѐ за да ја пре­зе­ме пар­ти­ја­та. Ако Та­чи вле­зе во вла­ста ќе игра на опо­зи­ци­ска кар­та – ве­лат ана­ли­ти­ча­ри­те по­ви­ку­вај­ќи се на из­ја­ви­те на Се­ла за ед­но те­ле­ви­зи­ско ин­терв­ју.

Но, во сво­и­те на­ста­пи Се­ла за­и­гра на ра­ди­кал­на­та кар­та. Ду­ри и не­го­во­то по­ја­ву­ва­ње ме­ѓу тие што про­те­сти­раа во Скоп­је по­ра­ди слу­чу­ва­ња­та во скоп­ско Ра­ди­ша­ни, би­ло во функ­ци­ја на мар­ке­тинг.

– А ко­го поз­на­ва Се­ла до тол­ку во Скоп­је за да би­де ор­га­ни­за­тор на про­те­сти, па и во тол­ку мал број? – по­со­чу­ва­ат поз­на­ва­чи­те.

Ра­ди­ка­ли­за­ци­ја, ка­ква што по­со­чу­ва Се­ла на­ве­ду­вај­ќи кон­сен­зу­ал­на де­мо­кра­ти­ја, фе­де­ра­ли­за­ци­ја, кан­то­ни­за­ци­ја, па и по­дел­ба на Ма­ке­до­ни­ја, во­оп­што не е „фил­мот“ ме­ѓу Ал­бан­ци­те во чиј­што фо­ку­с се еко­но­ми­ја­та и бла­го­со­стој­ба­та. Тој со тоа са­ка да ги при­до­бие гла­са­чи­те на ДПА, но ако тоа не му ус­пее, би­тка­та за осво­ју­ва­ње на ДПА му е од­на­пред за­гу­бе­на, ве­лат ана­ли­ти­ча­ри­те.

-Та­чи до­се­га се по­ка­жа ка­ко ли­дер на гла­са­чи­те на ДПА. Таа број­ка не е ма­ла, 60 до 70 ил­ја­ди – ве­ли Џе­за­и­ри. Во од­нос на ра­ди­кал­ни­те ста­во­ви на Се­ла упа­те­ни пре­ку те­ле­ви­зи­ско ин­терв­ју, тој ве­ли де­ка не­ма плод­на поч­ва за тоа и е скеп­тик де­ка Се­ла ќе ус­пее да го пре­зе­ме кор­ми­ло­то на ДПА од ра­це­те на Та­чи.

Уред­ни­кот на „Жур­нал“, пак, до­да­ва кол­ку, всуш­ност, е мо­ќен Мен­дух Та­чи.

– Кол­ку е си­лен Та­чи по­ка­жа ко­га го исте­ра Се­ла од пар­ти­ја­та сре­де кам­па­ња, со што жр­тву­ва­ше еден пра­те­ник од пе­та­та из­бор­на еди­ни­ца. За поз­дра­ву­ва­ње е хра­бро­ста на Се­ла да му отво­ри фронт на Та­чи, но се пла­шам де­ка ќе за­вр­ши ка­ко по­ра­неш­ни­те со­пар­тиј­ци Имер Сел­ма­ни, Бар­дуљ Мах­му­ти, Алај­дин Де­ми­ри или, пак, Су­леј­ман Ру­ши­ти – до­да­ва Ба­јра­ми за „Ре­пуб­ли­ка“.

Еко­но­ми­ја пре­ку све­жи идеи

Ве­ро­јат­но во овој кус прег­лед на со­стој­би­те во ал­бан­ски­от по­ли­тич­ки блок ле­жат иде­и­те Ал­бан­ци ин­те­ле­кту­ал­ци да „вле­зат“ во ВМРО-ДПМНЕ. Ако се ве­ли де­ка се че­ка кон­гре­сот на ДУИ за  ро­та­ци­ја на до­се­гаш­ни­те ми­ни­стри од ед­но на дру­го ме­сто; ако се учес­тву­ва во власт, а не се приз­на­ва пре­тсе­да­те­лот на др­жа­ва­та; ако за ли­де­рот на вто­ра­та по го­ле­ми­на пар­ти­ја се ве­ли де­ка е мо­ќен да иск­лу­чу­ва со­пар­тиј­ци без пре­ис­пи­ту­ва­ње од пар­ти­ски­те ор­га­ни; или, пак, ако вла­ста и опо­зи­ци­ја­та од ал­бан­ски­от блок со­ра­бо­ту­ва­ат со ВМРО-ДПМНЕ, а ме­ѓу­себ­но се опо­зи­ци­ја; а на се­то тоа оп­ци­ја­та е ра­ди­ка­ли­зам – то­гаш и за оче­ку­ва­ње е што Ал­бан­ци­те ин­те­ле­кту­ал­ци по­ли­тич­ки­те ам­би­ции и оче­ку­ва­ња за по­до­бра еко­ном­ско-со­ци­јал­на по­лож­ба би ги ба­ра­ле пре­ку ВМРО-ДПМНЕ.

Или, ка­ко што опи­ша со­го­вор­ни­кот на „Ре­пуб­ли­ка“: Кол­ку бр­зо се ме­ну­ва­ат ра­бо­ти­те во ВМРО- ДПМНЕ, кол­ку­ми­на се сме­ни­ја по функ­ции, кол­ку но­ви ли­ко­ви до­би­ја мож­ност да се по­ка­жат? А, од дру­га­та стра­на, кол­ку го­ди­ни ми­ни­сте­ру­ва­ат Фат­мир Бе­си­ми или Му­са Џа­фе­ри?

Пишува: Наум Стоилковски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top