Љумнија Тачи, сопругата на косовскиот претседател Хашим Тачи, фатена е како го изневерува со претседателот на косовското собрание Кадри Весели, инаку лут противник на Тачи, пишуваат српските медиуми.
Целата приказна почнала кога разузнувачките служби дошле до доверливи податоци дека Весели фрлил око на атрактивната Љумнија, а дека таа му возвратила на симпатиите.
Меѓутоа тука не е крајот на приказната и изневерувањата меѓу политичките лидери во Приштина. Имено Тачи веќе подолго време ја изневерува сопругата. Тој иако во јавност глуми внимателен и грижлив сопруг, истовремено е во страсна врска со Влора Шитаку, косовската амбасадорка во САД.
Медиумите уште пред две години објавија детален разговор меѓу двајцата љубовници, а во таа прилика Тачи се жалел дека се чувствува лошо, дека имал температура, кашлал.
-Драга моја, верувам дека тоа е резултат на заморот и преокупираноста со последните случувања во врска со изборот на претседател – рекол Тачи во разговорот кој го снимиле разузнувачките служби на една странска земја.
Влора на тоа му одговорила дека се наоѓа во Њујорк, каде подготвува говор, на што тој и честитал.
Тој и кажал дека се чувствува слободно и растоварено после изборот за претседател, на што Влора му одговорила дека е загрижена како косовскиот уставен суд ќе реагира на неговиот избор.
-Драги, дали ќе дојдеш кај мене во Америка – прашала Влора на крај на разговорот, на што Тачи рекол дека не ја исклучува таа можност, но дека според него поважно е да заврши некои работи кои го очекуваат наредните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.