Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети изрази благодарност до пратениците кои соноќа гласаа за уставните измени. Тој преку соопштение се осврна и на оние пратеници кои не ги поддржаа измените и ги повика да се приклучат во понатамошните постапки за заокружувањето на овој процес.
-Ние сме избрани да носиме храбри и важни одлуки, а не да калкулираме за следните избори и следниот мандат. Тие 80 – те пратеници што гласаа за, но и тие кои што се воздржаа од гласање, знаат многу добро дека само овој пат ни носи стабилен мир, добри меѓуетнички и добрососедски односи, системски реформи, правна држава и владеење на правото, еднаквост и заокружување на Охридскиот Договор, економски развој, повеќе работни места , странски и домашни инвестиции и општествена благосостојба, вели Ахмети во соопштението.
Претседателот на ДУИ ја повика опозицијата да застане на исправната страна на прогресот и евроатланската определба без задоцнување и понатамошни калкулации.
-Одмор нема. Уште од денес продолжуваме со работа за да го заокружиме овој процес, порача Ахмети и додаде дека „заедно сме посилни“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Опомени“ за Османи и Ахмети за слабата излезност преку СЈО?
-
Ахмети: ДУИ има огромен придонес во менувањето на името на државата со цел доближување до ЕУ и НАТО
-
Ахмети-Курц: Дојде време заедно да ги изодиме последните чекори кон посакуваниот успех
-
Ахмети: Референдум за името би можело да го комплицира процесот!