| четврток, 6 декември 2018 |

Војна на ѕвездите, Лампард има договор со „Адидас“, а си носи маичка на „Најк“

Вистинска војна се води меѓу реномираните производители на спортска опрема „Адидас“ и „Најк“, а во фокусот на вниманието овојпат е Франк Лампард, англискиот репрезентативец што е дел од експедицијата на гордиот Албион на СП во Бразил. Работите се компликувани, а битката меѓу „Адидас“ и „Најк“ се разгоре прилично.

„Најк“ има официјален договор со англиската репрезентација до 2018 година и логото на овој производител стои на дресовите на гордиот Албион, а „Адидас“ има посебен договор со неколкумина играчи. Лампард и Џерард се под договор со германскиот гигант, а претставниците на „Адидас“ збеснале по објавувањето на фотографијата од Бразил на која се гледа дека Лампард носи маичка со логото на „Најк“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top