Вистинска војна се води меѓу реномираните производители на спортска опрема „Адидас“ и „Најк“, а во фокусот на вниманието овојпат е Франк Лампард, англискиот репрезентативец што е дел од експедицијата на гордиот Албион на СП во Бразил. Работите се компликувани, а битката меѓу „Адидас“ и „Најк“ се разгоре прилично.
„Најк“ има официјален договор со англиската репрезентација до 2018 година и логото на овој производител стои на дресовите на гордиот Албион, а „Адидас“ има посебен договор со неколкумина играчи. Лампард и Џерард се под договор со германскиот гигант, а претставниците на „Адидас“ збеснале по објавувањето на фотографијата од Бразил на која се гледа дека Лампард носи маичка со логото на „Најк“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Луѓето масовно ги палат своите „најк“ патики, што мислите за причината?
-
Манекенката која со влакнетите нозе му ја уништи рекламата на Адидас (ВИДЕО)
-
Серхио Рамос ја откри причината која го прави Зидан најдобар тренер во историјата на Реал
-
Европскиот шампион ги претстави новите дресови за сезоната 2017/2018 (видео)


