| четврток, 6 декември 2018 |

Бијонсе се откажала од развод поради второ бебе?

бијонес

Навидум совршеното семејство на Бијонсе и Џеј Зи, можеби, не е толку идеално како што се претставува пред јавноста.

По бурната реакција на сестрата на Бијонсе, која го нападна Џеј Зи во лифт на 5 мај и беше снимен од камерите, секој чекор на двојката се следи под лупа. Се појавија не само гласини дека бракот им е пред распаѓање, но и непотврдени информации дека чекаат второ дете.

Според запознаени извори, Бијонсе се откажала од плановите да се разведе со раперот бидејќи дознала дека е бремена повторно. Во ѕвезденото небо се појавуваат сѐ повеќе облаци по приказните на злите јазици дека Џеј Зи ја мами сопругата.

Извор откри дека Бијонсе е целосно свесна за она што се случува со други жени и тоа благодарение на сестрата Соланж. Според многумина, разводот бил неизбежен и бил единствената опција за Бијонсе. Или барем додека пејачката не разбрала дека е бремена со второто дете на раперот. Засега веста останува непотврдена, а според портпарол „Њујорк дејли њус“ изведувачката ги негирала гласините за бебето.

– Бијонсе внимава исклучително многу за јавниот имиџ. Сè што прави е обмислено и планирано. Таа е опседната со идејата за совршено семејство, што го покажува пред светот – додаде друг запознаен извор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top