Надминати се недоразбирањата и постигната е согласност во неколку сегменти меѓу гранковиот синдикат и Министерството за здравство, констатираа денеска на прес-конференцијата специјалистите од прилепската општа болница.
Според доктор Сашо Димитриески, максилофацијален хирург се воведува квартална пресметка што значи дека учинокот ќе се пресметува секои три месеци.
– Од досегашните 0.98 – 1.01, сега е зголемен на 0.96-1.02 и се отвора можност лекарите да земат 100 насто плата. Поволно е договореното усогласување на коефициентите, а специјалистите добиваат и зголемување на платата од 19,2 насто во период од 15 месеци. Конкретно во февруари платата ќе биде зголемена за 4,8 насто, истакна меѓу другото доктор Димитриески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На децата прв пат им бил откриен дијабетес кога биле донесени во болница
-
Д-р Ана Данева Маркова е нов претседател на Комитетот за безбедно мајчинство
-
МЗ: Бебињата починале поради предвремено раѓање, имале неразвиени органи и исклучително ниска тежина
-
Локацијата на новиот Клинички центар не е во строго заштитената зона


