Три годишно дете направило вистинска паника во Задар откако побегнало од една градска градинка. Цел час детето шетало по градските улици додека не го сретнале граѓани кои веднаш ја алармирале градинката
Детето најверојатно успеало да се искраде од вратичката во дворот која не бил затворена по доставата на ручекот.
Од градинката им се извиниле на родителите.
– Се чувствуваме ужасно по ова што се случи. Ги молиме родителите да го примат нашето длабоко извинување. И јас сум мајка и разбирам во каков шок биле родителите и знам дека ја загубија довербата. На нас останува да ја вратиме.
Против одговорните за пропустот ќе биде превземени соодветни мерки, а какви ќе бидат казните ќе знаеме по состанокот на управниот одбор на градинката – 0 изјавила за медиумите директорката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.