Досегашниот фудбалер на Атлетико Мадрид Давид Вилја стана првиот член на новонастанатиот клуб Њујорк Сити.
Њујорк Сити минатата година го формираа главните луѓе на Манчестер Сити и Њујорк Јенкис и од следната сезона ќе играат во МЛС лигата.
– За целата моја кариера секогаш се трудев да поставувам нови цели, затоа дојдов во Њујорк Сити. Чест ми е што луѓето кои го основаа тимот сакаа да ме ангажираат – изјави Давид Вилја.
– Сакам да и помогнам на МЛС лигата да се развие и да му помогнам на тимот да стане најдобар во лигата. Ке дадам се од себе – додаде Вилја.
Она што е сигурно е дека Вилја ќе има далеку поголема плата од онаа што ја имаше во Атлетико, сепак финансиските детали од договорот не се познати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.