Општина Струмица спровела легализација до крај на објектот „Глобал. Дали постапката и одлуката за легализација на Општина Струмица на градбата „Глобал“ во суштина значи признавање на делото поради кое сегашниот лидер на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев се теретеше во 2008 година кога беше амнестиран од тогашниот претседател на државата, Бранко Црвенковски?!
-Се утврдува правен статус на бесправен објект со намена Б2- Големи трговски единици, ТРГОВСКИ ЦЕНТАР СО ПАЗАР, дел со висина П+4 (приземје и четири ката), и дел со висина П+6 (приземје и шест ката), на ул. Ленинова бр. 44, кој објект во геодетскиот елаборат е означен како зграда бр. 1, стои во решението од Општина Струмица, потпишано од Зоран Заев, а кое е правосилно од 10-ти јануари 2014 година.
Дивоградбата „Глобал“ стана легален објект што значи Заев го признава делото и неправилноста поради и која беше приведен. Да не заборавиме дека тогаш раководството на СДСМ меѓу кои во првите редови беше и Радмила Шекеринска организираше протести по приведувањето на Заев. Тогаш тие тврдеа дека нема никаква неправилност на градбата поради која се терети туку се работи за полтички мотивиран случај.
Аферата „Глобал“ започна во февруари 2008 година, кога МВР објави кривична пријава против Заев за проект во кој според обвинението, бил направен криминал од над 8 милиони евра.
На 17 јули 2008 година, Заев беше уапсен заедно со уште петмина соработници поради злоупотреба на службената положба во врска со изградбата на трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, по што следеа протестите пред судот на опозициониот СДСМ.
Откако Заев беше соочен со доказите на обвинителството следниот чекор беше аболиција. Притворот и целата постапка беше прекината по одлуката на Црвенковски за аболиција. Одлуката беше највена кон јули таа 2008 година, а формално беше донесена на втори август. Зоран Заев и петминага негови соработници избегнаа да се соочат со законот.
Зоран Заев и петмината негови соработници избегнаа да се соочат со законот. Со одлуката на претседателот, кој, во согласност со тогашните законски можности кои му даваа дискреционо право, ги ослободи Заев и неговите соработници, со што обвинувањата против него никогаш не доживеаја судска разврска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.