| четврток, 6 декември 2018 |

Со легализацијата на Глобал Заев си го потврди криминалот за кој се теретеше во 2008, а го аболицираше Црвенковски?!

zaev

Општина Струмица спровела легализација  до крај на објектот „Глобал. Дали постапката и одлуката за легализација на Општина Струмица на градбата „Глобал“ во суштина значи признавање на делото поради кое сегашниот лидер на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев се теретеше во 2008 година кога беше амнестиран од тогашниот претседател на државата, Бранко Црвенковски?!

SDSM-Brisel-Zoran-Zaev-2

-Се утврдува правен статус на бесправен објект со намена Б2- Големи трговски единици, ТРГОВСКИ ЦЕНТАР СО ПАЗАР, дел со висина П+4 (приземје и четири ката), и дел со висина П+6 (приземје и шест ката), на ул. Ленинова бр. 44, кој објект во геодетскиот елаборат е означен како зграда бр. 1, стои во решението од Општина Струмица, потпишано од Зоран Заев, а кое е правосилно од 10-ти јануари 2014 година.

zaev-potpis

Дивоградбата  „Глобал“ стана легален објект што значи Заев  го признава делото и неправилноста поради и која беше приведен. Да не заборавиме дека тогаш раководството на СДСМ меѓу кои во првите редови беше и Радмила Шекеринска организираше протести по приведувањето на Заев. Тогаш тие тврдеа дека нема никаква неправилност на градбата поради која се терети туку се работи за полтички мотивиран случај.

Аферата „Глобал“ започна во февруари 2008 година, кога МВР објави кривична пријава против Заев за проект во кој според обвинението, бил направен криминал од над 8 милиони евра.

На 17 ју­ли 2008 го­ди­на, Заев беше уапсен заедно со уште пет­ми­на со­ра­бот­ни­ци по­ра­ди зло­у­по­тре­ба на служ­бе­на­та по­лож­ба во вр­ска со из­град­ба­та на тр­гов­ски­от цен­тар „Гло­бал“ во Стру­ми­ца, по што следеа протестите пред судот на опозициониот СДСМ.

Откако Заев беше соочен со доказите на обвинителството следниот чекор беше аболиција. Притворот и целата постапка беше прекината по одлуката на Црвенковски за аболиција. Одлуката беше највена кон јули таа 2008 година, а формално беше донесена на втори август.  Зоран Заев и петминага негови соработници избегнаа да се соочат со законот.

Зоран Заев и петмината негови соработници избегнаа да се соочат со законот. Со од­лу­ка­та на пре­тсе­да­те­лот, кој, во сог­лас­ност со то­гаш­ни­те за­кон­ски мож­но­сти кои му да­ваа ди­скре­ци­о­но пра­во, ги ос­ло­бо­ди За­ев и не­го­ви­те со­ра­бот­ни­ци, со што об­ви­ну­ва­ња­та про­тив не­го нико­гаш не до­жи­ве­а­ја суд­ска раз­вр­ска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top