Македонија ремизираше со Катар без голови и ја заврши мини турнејата од два пријатеклски натпревари без постигнат гол. Во Риети, Италија, вечерва одигравме 90 минути без ниту еден погодок, а 4 дена претходно загубивме од Камерун со 0-2 во Куфштајн, Австрија.
Со Катар имаме одиграно три пријателски дуели и сега билансот е по една победа, реми и пораз за двете селекции. Во Париз пред 15 години загубивме со 0-1, потоа во Скопје победивме со 2-1, а во Риети ремизиравме без да се тресат мрежите.
Во јуни Македонија ќе одигра два меча со Кина како дел од подготовките за квалификациите за ЕП во Франција 2016, кои почнуваат во септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.