Хамбург се прости од Блаженко Лацковиќ, ракометар што од идната сезона ќе игра за македонскиот вицешампион Вардар, а со него од редовите на ланскиот европски првак во „црвено-црниот“ табор ќе дојдат уште тројца играчи. Сигурен пик е и Жарко Марковиќ, а најавени се уште двајца ракометари во Вардар од Хамбург.
Засега од раководството на македонскиот вицешампион не ги објавуваат имињата на новите засилувања, а извесно е дека Вардар ќе биде осетно засилен со квартетот од редовите на се уште актуелниот европски шампион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.