– АРМ е институција посветена на заштитата на територијалниот интегритет на државата и на граѓаните на Република Македонија. Назначувањето на поранешен командант на УЧК како Министер за одбрана е неразбирливо за македонската дијаспора и преставува голема навреда за сите македонски граѓани без оглед на нивната етничка припадност, изјави претседавачот на управниот одбор на ОМД, Стојан Николов.
Според обединетата дијаспора, „Џафери нема морален авторитет да управува со АРМ, кога самиот застана против институцијата во 2001 година“.
– Во 1999 година, Македонија прифати околу 400.000 етнички албански бегалци од Косово. Само две години подоцна, во 2001 година, терористичката Ослободителна војска на Косово се врати за да се “заблагодари” со напаѓање на Македонија. По промената на своето име во Ослободителната народна армија (ОНА) и со помош од страна на локални терористички ќелии и средства од трговија со органи и наркотици ја нападнаа територијата на Република Македонија. 250 лица ги загубија своите животи и над 1000 беа повредени. Понатаму, воените злосторства против воените и цивилните лица беа неказнети, а македонските православни цркви од 14ти век во Лешок и Матејче беа уништени. Крајниот резултат беше потпишувањето на Охридскиот рамковен договор кој продолжува да ја дестабилизира земјата и да ги наградува поранешните терористи со моќ и богатство, се вели во реакцијата на ОМД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Македонците ќе имаат најкраток работен век во Европа
-
Дијаспората му порача на Заев: Треба да дадете неотповиклива оставка!
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале