| четврток, 6 декември 2018 |

„Цртање на асфалт“ утре во Градски парк

crtanje

Во Градскиот парк, утре со почеток во 10:30 на просторот зад фонтаната, ќе се одржи традиционалната манифестација „Цртање на асфалт”, која што ја организираат Детскиот културен центар „Карпош“ и Градот Скопје, по повод денот на македонските просветители Кирил и Методиј.

Во оваа традиционална манифестација ќе се вклучат деца од сите градинки во Скопје, информираат од Град Скопје.

ДКЦ „Карпош” ќе обезбеди материјали за цртање (креди во боја), пригодна програма и симболични награди за учесниците

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top