| четврток, 6 декември 2018 |

Џенифер Анистон: Mоето бебе е чудо!

јен
Списанието „Ин тач“ пишува дека актерката Џенифер Анистон и нејзиниот свршеник Џастин го чекаат своето прво дете. На насловната страница на јунското издание се наоѓа Џенифер покрај насловот „Моето дете е чудо“.
Шпекулациите за бременоста на актерката не се ништо ново, но овој пат списанието „Ин тач“ тврди дека има и фотографии од бремената Џенифер.
Актерката, наводно, е бремена во четвртиот месец. По повеќегодишните обиди да забремени, таа била подготвена и да посвои дете.

Доколку приказните овој пат се вистинити, за Џен и Џастин ова ќе биде прво дете. Наводно, веќе опремиле детска соба, а Анистон не може да престане да купува работи за бебето.
Актерката, судејќи по насловната страна на „Ин тач“, веќе одбрала и име за девојчето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top