| четврток, 6 декември 2018 |

Ван Гал со буџет од 200 милиони фунти ги носи во Манчестер јунајтед Фабрегас, Робен, Крос…

Луис ван Гал има план како да го врати Манчестер јунајтед на шампионските патеки, а за летно реновирање на тимот има буџет од 200 милиони фунти. Новиот менџер на „црвените ѓаволи“ има листа со засилувања кои би требало да пристигнат на „Олд трафорд“, а на неа се познати и признати светски асови.

Сеск Фабрегас, Арјен Робен и Тони Крос се приоритети во изградбата на новиот лик на Јунајтед, а место во составот има и за Кевин Стротман, Матс Хумелс, Холгер Бадштубер, Лук Шо и за Себастијан Јунг.

Ван Гал за 6 милиони фунти годишна плата потпиша тригодишен договор со англискиот гигант, а покрај себе ќе ја нема легендата на клубот Рајан Гигс, кој одлучи да стави крај на фудбалската кариера. Јунајтед во циклусот што следува по долг период нема да игра во европските купови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top