| четврток, 6 декември 2018 |

Музеј на Македонија ќе добие нова постојана поставка

muzej na makedonija

Најзначајната македонска музејска установа Музејот на Македонија, наскоро ќе добие нова постојана изложбена поставка. Експонатите ќе бидат поставени на површина од 450 метри квадратни, посветена на Граѓанската војна во Грција и децата – бегалци.

Планирано е да се санира дел од изложбениот простор, кој претставува седиште на Археолошкиот, Историскиот и Етнолошкиот музеј.

Музејот на Македонија веќе го распиша огласот за избор на најповолен понудувач што ќе ја реализира реконструкцијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top