| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар рутински до финалето на купот

Ракометарите на Вардар рутински се пласираа во финалето на македонскиот куп, со победа од 31-20 против аутсајдерот Тинекс Пролет. ваков расплет на настаните е сосема очекуван, а Вардар утре во големото финале ќе игра против лутиот ривал Металург.

Металурзите денеска беа подобри од Зомимак и славеа со 31-25 и ќе имаат можност да го бранат пехарот од купот што го освоија лани. Финалето ќе се игра во Охрид утре од 17,45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top