Македонските јуниорски репрезентативци во куглање, Александар Соколовски и на Мери Јанева остварија одличен резултат со освојување на бронзениот медал на Светското првенство што се одржува во Брно, Чешка.
Во мешани двојки Соколовски и Јанева успеаја да се пласираат во полуфиналето каде во битката за пласман во самата завршница загубија со 0-2 од чешката двојка Горешки и Јандикова.
Претходно македонскиот тандем беше подобар од австриските претставници Заткович и Ратмаер и од Словенците Залар и Симчич.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


