| четврток, 6 декември 2018 |

Светот остана во шок кога Трамп пред сите го фрли подарокот на Путин (Видео/Фото)

Самитот на претседателите на Русија и САД, Доналд Трамп и Владимир Путин во Хелсинки вчера се одржа ден по Светското првенство во фудбал и нормално една од темите беше и фудбалот.

Трамп ја пофали руската организација, нарекувајќи го светското првенство „сјаен настан“.

Претседателот на Русија за возврат на Трамп му подари нова топка од Светското првенство, но нормално го спомена и Мундијалот во 2026 година што ќе се одржи во САД, Mексико и Канада.

– Сега топката е на ваша страна, рекол Путин.

Трамп изјави дека оваа топка ќе ја даде на својот син Барон.

– Држи, Меланија, рече кога ја фрли топката на својата сопруга Меланија која седеше во првиот ред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top