| четврток, 6 декември 2018 |

Подвиг и бронзен медал за Соколовски и Јанева на СП за јуниори

Македонските јуниорски репрезентативци во куглање, Александар Соколовски и на Мери Јанева остварија одличен резултат со освојување на бронзениот медал на Светското првенство што се одржува во Брно, Чешка.

Во мешани двојки Соколовски и Јанева успеаја да се пласираат во полуфиналето каде во битката за пласман во самата завршница загубија со 0-2 од чешката двојка Горешки и Јандикова.

Претходно македонскиот тандем беше подобар од австриските претставници Заткович и Ратмаер и од Словенците Залар и Симчич.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top