| четврток, 6 декември 2018 |

Според обложувалниците, Словенија е апсолутен фаворит против Македонија

Обложувалниците ѝ даваат големи шанси за победа на Словенија во дуелот против Македонија, денеска од 15 часот, на квалификацискиот одбојкарски турнир во Полска.

Ќе се игра во Вроцлав на премиерата на турнирот на кој учествуваат и домќинот Полска и Летонија. Обложувалниците поставија многу ниски коефициенти за победа на Словенија од само 1,10, што значи дека на вложени 100 денари добивката би била само 10 денари.

За триумф на Македонија коефициентот е многу повисок и изнесува околу 5,50, што би значело дека триумф на нашата репрезентација би ви донел ќар од 550 денари.

Полска и Летонија ќе играат од 17.30 часот, а домаќинот на турнирот ќе игра против нас утре од 18 часот. Настапот на првиот филтер Македонија ќе го заврши против Летонија в недела, во натпревар што ќе почне од 15 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top