| четврток, 6 декември 2018 |

Кампања која го промовира најдоброто од образованието

Mеѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, „Сити колеџ“, ја лансираше кампањата „Можете и Вие!“ со која преку сведоштва на успешни дипломци, се истакнуваат предностите на формалното образование. Како дел од оваа кампања ќе ги видиме успешните приказни на неколку дипломци од Република Македонија, меѓу кои се Александар Манев, како косопственик на електронскиот медиум „Факор“ (Faktor.mk) и Филип Лунески, како менаџер на целата категорија пива во Апатинска пивара, дел од групацијата „Molson Coors“.

Прогласен за „Универзитет на годината 2011-2012″ и припаѓа на 1% од „Најдобрите универзитети во светот”, како дел од својот професорски кадар има дури 5 добитници на Нобелова награда во различни полиња. Универзитетот Шефилд има 6 академски факултети; пет факултети се наоѓаат во Велика Британија, а СИТИ Колеџот е 6-тиот, Меѓународен факултет кој се наоѓа во Солун. Искуствата на овие дипломци со успешни професионални кариери се уште една причина зошто Универзитетот Шефилд е престижна образовна институција.

Filip Luneski

Филип Лунески

 На кој начин образованието на „Сити колеџ“ ги трансформира Вашата кариера и Вашата иднина?

Филип Лунески: Не само образованието, туку целокупниот живот во текот на студиите на Mеѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, „Сити колеџ“, придонесе да бидам она што сум денес. Многу е важно да се сфати дека на факултет не се оди само да се добие знаење од струката која сте ја избрале, туку тоа е период од животот каде што се градите и формирате како личност,  период на животна транзиција во кој ја дефинирате својата иднина и со тоа одлучувате како ќе му се претставите на светот по добивањето на дипломата. Она што е карактеристично за „Сити колеџ“, е тоа што целиот систем и тимот на луѓе кои го сочинуваат, несебично и континуирано ви помагаат во реализацијата на оваа одлука, ви даваат алатки кои го поедноставуваат процесот на „само-пронаоѓање“ и ви даваат мотив да тежнеете кон се поголеми цели. Без амбиции и самодоверба, целото знаење што ќе го стекнете најверојатно нема да ви вреди ништо во реалниот живот, но тоа е она што ви го нуди „Сити колеџ“ – Формулата за успех!

По што би го издвоиле образованието на „Сити колеџ“ (во споредба со другите високообрзовни институции)?

Филип Лунески: Пред се по самата програма кој ја нуди. Наставната програма е дефинирана така што се учат само предмети кои се релевантни за студиите кои сте ги одбрале, има балансирана доза на теориска и практична примена и со секоја година се врши унапредување согласно најновите светски трендови. Професорите и целата администрација претставуваат еден автентичен колектив на одбрани стручни лица, кои пред сѐ се поставуваат кон студентите како нивни колеги, ментори, па дури и пријатели во одредени ситуации. Од огромно значење е кога сте свесни дека професорот е „на ваша страна“ и целта му е пред се вие да стекнете што повеќе знаење и да го положите испитот. На тој начин добивате мотивација и доаѓате во ситуција што повеќе да истражувате и да учите, не затоа што „морате“ туку затоа што „сакате“. И тоа чувство ве прати во текот на целокупното студирање. Исто така, „Сити колеџ“ нуди бројни вон-наставни активности за сите студенти, варирајќи од разни тематски клубови, до забави, екскурзии и компаниски посети. Едноставно никогаш не ви е досадно, затоа што имате избор на активности кои го збогатуваат социјалниот живот, секојдневно, во градот со  исклучителен медитерански дух.

Aleksandar Manev

Александар Манев

Која беше најважната лекција која ја научивте за време на Вашите студии на „Сити колеџ“?

Александар Манев: Практичните совети ми овозможија да стекнам широки познавања од различен опсег и сфери на економијата и финансиите, а со градењето мрежа на пријатели и бизнис партнери од целиот свет ми се проширија хоризонтите за успех. Секое новостекнато знаење е вредно, но ретко кое дава нов начин на критичко размислување, а покрај тоа и имплементирање на нови бизнис концепти, пронаоѓање на вистински одлуки и секако детектирање на проблеми и решенија. Одличниот академски кадар кој позади себе носи огромно меѓународно искуство, пристапот до сите знаење го прави лесен, проактивен и со примена на методологија типична само за Универзитетот Шефилд.

 Што би им препорачале на идните студенти од Македонија кои сакаат да се запишат на овој универзитет?

Александар Манев: Прогресирањето на скалата на успешност во животот се должи на многу труд и знаење, формалното образованието е нешто во кое младите треба да вложат со цел да бидат успешни, а според моето мислење мојата најдобра инвестиција е секако Универзитетот Шефилд. Сѐ на сѐ, врвното универзитетско образование е можеби скапа, но вредна инвестиција, и затоа треба да се направи вистински избор при вложување во себеси и во сопствениот развој и иднина. Тоа е инвестиција којашто секогаш се враќа и тоа повеќекратно. Моето искуство и искуствата на уште многу други дипломци се причина зошто се повеќе професионалци своите кариери ги доградуваат преку образовните програми на „Сити колеџ“. Тоа и фактот што Универзитетот Шефилд е рангиран во рамките на „Топ 100 универзитети во светот” и меѓу „Топ 10 универзитети во Велика Британија за истражувачка моќ”, а според QS ранг листата за 2013 година, се наоѓа на 71-та позиција во светот и на 25-тата во Европа, се причина да биде прв и вистински избор за врвна академска институција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top