Истакнати професори, експерти, доктори на науки, претставници од корпоративниот сектор во земјава, сите дипломци од Универзитетот Шефилд а и оние што своето знаење го стекнале на Академијата за Менаџери, се собраа на третата традиционална Alumni средба во Скопје. На средбата беше присутен и дел од образовниот кадар на Меѓународниот Факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ од Солун, како и директорот на СИТИ Колеџ, г-дин Јанис Верверидис.
-Годишната средба на алумни е само продолжување на она што го иницираме како практика и активен ангажман уште во текот на образовниот процес, односно инволивирање на сите расположливи ресурси во подобрување на заедницата и помаѓање за економски просперитет. Со комуникацијата, воспоставувањето на деловни врски, размена на информации и поврзување, ги надминуваме границите на обична средба. Нашите дипломци и постидипломци се комплетно посветени на оваа мисија и на секој можен начин се ангажираат на реализирање на разни цели. Тоа значи дека вредностите кои ги пренесуваме, самомотивирање и проактивност, се трајно прифатени и се реализираат токму преку овие годишни собири, изјави директорот на СИТИ Колеџ, г-дин Јанис Верверидис.
Средбата на алумни се одржа само еден ден по Церемонијата на дипломирање што ја следеше истата академска процедура како на Универзитетот Шефилд во Обединетото Кралство. Строгото следење на традицијата, протоколите и поставената авторитетна хиерархија се основите врз кои е изградено престижното реноме на овој Универзитет. Беспрекорниот квалитет на едукативниот систем и резултатите кои студентите ги постигнуваат по стекнатото образование, единствените и иновативни едукативни методи, специфична имплементација на теоријата во пракса како и развивање на исклучителни академски и индивидуални вредности го издвојува Меѓународниот Факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ од Солун. Универзитетот Шефилд е еден од ретките чии дипломирани студенти уживаат можности за вработување во сите земји низ Европа и целиот свет!
Академија за Менаџери како административна единица на СИТИ Колеџот во Скопје, веќе три години локално имплементира образовни програми на постдипломско ниво.
На Меѓународниот Факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ, досега се образувале повеќе од 900 дипломци од Македонија на додипломските, постдипломските како и постдипломските програми на извршно ниво. Моментално има околу 120 активни студенти на сите програми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.