| четврток, 6 декември 2018 |

Селби направи неверојатен пресврт и стигна до нова светска титула во снукер (видео)

mark selbi

Марк Селби стигна до својата трета светска шампионска титула во Шефилд, откако во финалето го совлада далеку поискусниот Џон Хигинс (18-15). Светскиот снукер играч број еден направи неверојатен пресврт и се врати од негативата од 10-4 во еден момент, односно 10-7 по првиот ден.

Во денешните две сесии, Селби направи серија од 11-5 и стана само четвртиот играч кој успеал да ја одбрани титулата во „Крусибл театар“ салата во Шефилд. Пред него тоа му успеало уште на Стив Дејвис, Рони О’Саливен и Стивен Хендри. Со денешната победа, тој остана на еден трофеј од Хигинс, кој има четири, а заработи и чек од 375.000 фунти.

mark selbi 1

Играчот од Лестер стои на првата позиција веќе 116 последователни недели, а денес се одмазди на противникот за поразот во финалето од 2007 година. Неговото достигнување е уште поголемо ако се земе предвид дека никој играч не се вратил од негатива поголема од шест фрејма, од далечната 1985 година, кога Денис Тејлор го победи Стив Дејвис по негатива од 8-0 и 9-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top