| четврток, 6 декември 2018 |

„Можете и вие!“ – мотото на новата локална кампања на Универзитетот „Шефилд“

„Сити колеџ“, Mеѓународниот факултет на Универзитетот „Шефилд“, ја почна кампањата „Можете и вие!“. Посебноста на кампањата е што експонира успешни дипломци од Република Македонија, прикажувајќи го нивниот просперитет како резултат на стекнатото образование.

SU_location_image_1

Кампањата „Можете и вие!“ се обраќа на сите што имаат амбиција да го стекнат своето образование на еден од најпрестижните универзитети во светот и со тоа да изградат професионална кариера.

Како дел од оваа кампања ќе ги видиме успешните приказни на неколку дипломци од Република Македонија, меѓу кои: Драгана Чифлиганец како маркетинг-директор, Александар Манев како косопственик на медиум, Димитар Никушев како извршен директор и Филип Лунески како менаџер на категорија производи.

– Концептот на кампањата е тесно поврзан со искуствата на успешните дипломци од Универзитетот „Шефилд“ во Република Македонија, кои што ги има повеќе од 850 на број. Во кампањата тие директно ги експонираат нивните постигнувања и успесите на компаниите во кои што работат, со цел да се потенцираат предностите што ги нуди една едукативна институција како што е Универзитетот „Шефилд“. Сето тоа е проследено со визуелизација на кампусот и студентскиот живот, слика што ја прикажува универзитетската реалност во сета своја мера – изјави Марија Никовска, од регионалната канцеларија на Универзитетот „Шефилд“ во Скопје.

Универзитетот „Шефилд“ е престижна образовна институција, рангирана во рамките на „Топ 100 универзитети во светот” и меѓу „Топ 10 универзитети во Велика Британија за истражувачка моќ”. Според QS ранг листата за 2013 година, Универзитетот „Шефилд“ се наоѓа на 71-та позиција во светот и на 25-тата во Европа. Припаѓа на 1% од „Најдобрите универзитети во светот” и е прогласен за „Универзитет на годината 2011-2012″ од страна на TimesHigherEducation. Универзитетот Шефилд има 6 академски факултети; пет факултети се наоѓаат во Велика Британија, а „Сити колеџот“ е 6. Меѓународен факултет кој се наоѓа во Солун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top