Македонските дипломци од Универзитетот „Шефилд“ се собраа на традиционалната годишна (Alumni Reunion) средба по вторпат во Скопје. Овојпат во придружба и на многубројни претставници од корпоративниот сектор во Република Македонија, кои што своето знаење го стекнале на Академијата за менаџери. Истакнати професори, експерти и доктори на науки, дел од образовниот кадар на Меѓународниот факултет на Универзитетот „Шефилд“, „Сити колеџ“ од Солун, исто така беа присутни.
– Собирот на дипломци има големо значење, затоа што ги надминува границите на обична средба. Tука дипломците од Македонија се сретнуваат, комуницираат, воспоставуваат нови деловни врски и разменуваат искуства. Едни од вредностите кои ги пренесуваме се самомотивирање и проактивност и веруваме дека секоја наредна средба ќе биде нова можност за создавање многубројни бизнис релации – изјави Јанис Верверидис, претседател на „Сити колеџ“.
Популарноста на овој универзитет, се должи на беспрекорниот квалитет на едукативниот систем и резултатите кои студентите ги постигнуваат по стекнатото образование. Меѓународниот факултет на Универзитетот „Шефилд“, „Сити колеџ“ од Солун се издвојува по своите единствени и иновативни едукативни методи, специфична имплементација на теоријата во пракса како и развивање на исклучителни академски и индивидуални вредности. Универзитетот „Шефилд“ е еден од ретките чии дипломирани студенти уживаат можности за вработување во сите земји низ Европа и целиот свет
Академија за менаџери како административна единица на „Сити колеџот“ во Скопје, веќе две години локално имплементира образовни програми на постдипломско ниво.
– Улогата и функцијата на Академијата за Менаџери е исклучителна и овој собир е потврда за тоа. Постдипломските програми и викенд предавања што се организираат во Скопје најмногу се наменети за деловни луѓе кои имаат интерес за високо-квалитетна доедукација на постдипломско ниво од еден престижен британски универзитет, но не можат да посетуваат редовни студии. Исто така, соодветно на потребите на бизнис заедницата во Македонија како и на јавните институции, создаваме програми коишто го унапредуваат нивното работење и помагаат при полесно справување со тековните предизвици – изјави Марија Никовска, директор на Академија за менаџери.
На Меѓународниот fакултет на Универзитетот „Шефилд“, „Сити колеџ“, досега се образувале повеќе од 850 дипломци од Македонија на додипломските, постдипломските како и постдипломските програми на извршно ниво. Моментално има околу 90 активни студенти на сите програми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.