| четврток, 6 декември 2018 |

Анџелина Џоли се повлекува од актерството

angelina-jolie-oscars_0

Американската актерка, оскаровката Анџелина Џоли, на својата премиера на новиот филм за деца „Заспаната убавица“ објави дека ќе паузира од снимање филмови на неодредено време. На таков потег се решила бидејќи пишувањето сценарија и режирањето филмови кои ги планира во блиска иднина ѝ одземаат многу време, а во исто време сака да остане фокусирана на својата хуманитарна работа и соработка со Обединетите нации (ОН).

На премиерата во Лондон, Џоли открила и неколку детали од својот приватен живот и признала дека нејзините деца дури неодамна првпат го гледале фимот „Господин и госпоѓа Смит“ во кој таа глуми заедно со својот партнер, Бред Пит. Според Џоли, нејзините деца го обожаваат злобниот глас со кој таа говори во новиот филм, но дека не би сакала тие да се занимаваат со глума.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top