Украинските сили за безбедност ликвидирале 20 проруски активисти во украинскиот пристанишен град Мариупољ, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков.
Аваков ги нарече убиените проруски активисти „терористи“. Тој појасни дека тие се убиени во обид да упаднат во зградата во Мариупољ, а таквиот обид прераснал во вистинска битка.
Петмина полицајции се ранети, а четворица сепаратисти се приведени, додаде министерот.
Управата на полицијата во градот е во пламен, додаде Аваков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најмалку двајца загинати и 24 повредени во нападот во Лас Вегас
-
Терорист убил две жени во Марсеј: Викнал „Алах Акбар“ и ги избол со нож
-
Четири терористи од ПКК се убиени од турската воена авијација во Северен Ирак
-
Oпштина Карпош реагира: Идиотизмот на СДСМ кулминираше, зошто со нож ги сечевте јажињата на лулашките?