Непознат човек денеска нападнал случајни минувачи на железничката станица Сен – Шарл во Марсеј, убивајќи најмалку две жени, по што бил ликвидиран од страна на припадници на француските безбедносни сили. Идентитетот на напаѓачот се уште не е познат.
Телевизијата БФМ наведува дека најверојатно се работи за тероризам, а дел од локалните медиуми јавуваат дека напаѓачот извикувал „Алах Акбар” пред да го стори крвавиот чин.
Француската полиција на Твитер објави дека интервенцијата е во тек и ги предупреди граѓаните дека треба да се избегнува овој дел од градот. На истата социјална мрежа, сведоци потврдиле дека имало пукање и паника на станицата.
Министерот за внатрешни работи Жерар Коломб веднаш се упатил на местото на инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нападот во Амстердам е терористички чин: Сторителот и признал на полицијата
-
Крваво утро во Стокхолм: Експлозија во близина на метро станица, маж се бори за живот (видео)
-
Бомба во цевка одекнала на една од најпрометните автобуски станици во Њујорк: Уапсен еден осомничен, од јакната му виселе жици (фото – видео)
-
Постојано се зголемува бројот на загинати: Досега 235 загинати во терористичкиот напад во Египет